(Видео) Почина Џина Лолобриџида, една од најубавите жени на светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/23 2:04 PM

(Видео) Почина Џина Лолобриџида, една од најубавите жени на светот

Италијанската актерка Џина Лолобриџида го напушти овој свет на 95 години.

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида беше една од најистакнатите европски актерки од 1950-тите и раните 1960-ти.

Во времето на нејзиниот актерски врв, таа беше позната како најубавата жена на светот, а медиумите тогаш пишуваа дека нејзината најголема конкуренција била ни помалку ни повеќе од Софија Лорен. Сепак, Џина најголемото ривалство од тоа време не го сметаше за конкуренција.

„Не го гледав тоа како ривалство. Бев број еден“, изјавила самоуверено во една прилика.

Бидејќи нејзините родители не можеле финансиски да ја издржат, таа се снашла најдобро што знаела – позирала како модел, а потоа поради можноста за заработка се пријавила на натпреварот за Мис на Италија во 1947 година. Иако публиката најентузијастички ја поздравила кога излегла на пистата, таа го освои третото место на тој натпревар.

Последните години таа е во центарот на вниманието поради расправијата со нејзиниот син. Имено, нејзиното богатство се проценувало на повеќе од 35 милиони фунти, поради што морала да го ангажира поранешниот обвинител од Палермо, Антонио Ингроја, за да и помогне во долгогодишната правна битка што ја водела со нејзиниот отуѓен син Милко Шкофиќ.
Некои од нејзините најзначајни филмови се: „Леб, љубов и соништа“, „Крал, кралица и слуга“, „Сервантес“, „Трапез“, „Империјална Венера“, „Ѕвонарот на Нотр Дам“.

Голема протагонистка на италијанската кинематографија, таа е родена во Субијако на 4 јули 1927 година.

Извор: Н1