(Видео) „Поздрав до Џамбаски!“, рече пејачката Бојана и среде Бугарија му запеа „…древна земја македонска“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/23 1:36 PM

(Видео) „Поздрав до Џамбаски!“, рече пејачката Бојана и среде Бугарија му запеа „…древна земја македонска“

Пејачката Бојана Атанасовска испровоцирана од изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски, кој среде Скопје завчера повторно ги изнесе своите антимакедонски ставови, па на својот Фејсбук профил му ја посвети песната „Заветна“ до Пепи Бафтировски.
-Поздрав до Џамбаски,тој денес во Скопје,ние во сред Бугарија ќе му ја пееме “Заветна”! Ако не си знаел да те потсетам: “Можат да ја одречат,други да ја предадат,само таа е бесмртна,жива вода подземна,кај што тоне,таа извира…” Македонија!, напиша Бојана, објавувајки видео од нејизниот настап, каде ја пее оваа песна, која е своевидна химна.

Песната „Заветна“ Пепи ја отпеа пред 30 години и е своевидна фолк химна. Автори на оваа песна се Миле Барбаровски, кој ја напиша музиката и аранжанот, додека текстот е на Георги Барбаровски.

Ова е текстот на „Заветна“ без која не поминува ниту една прослава:

Заветна

Негде ќе те премолчат,
негде ќе те сокријат,
гроб со гроба ќе покријат.
Само ти си бесмртна,
жива вода подземна,
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни заедно ќе минеме,
древна земјо македонска,
така е пишано ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе.

Може да те одречат,
други да те предадат,
можат сешто да измислат.
Само ти си бесмртна,
жива вода подземна,
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни заедно ќе минеме,
древна земјо македонска,
така е пишано ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе.