Целосно изгоре стан кое се уште тетовско семејство го исплаќа на кредит – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/18 1:27 PM

Целосно изгоре стан кое се уште тетовско семејство го исплаќа на кредит

Целосно изгоре стан во тетовската населба блок 70. Се работи за домот на петтчленото семејсто Деари, кое се ушпте станот го исплаќа на кредити.

Големиот пожар која изби во станбена зграда во тетовската населба блок 70, целосно го проголта станот на петтчленото семејство Деари. Семејството моментално ќе престојува кај соседите. Нема пари да изнајми стан, затоа што за нивниот, секој месец плаќа кредити.

Апелира на помош за да може што поскоро да го врати станот во првобитна состојба, каде нема никакви услови за живот. Внатрешноста на просториите и мебелот се пеплосани

Пожарот пламнал во спалната соба. Деари се сомнева дека истиот избил од лец светилки.

Полицијата има извршено увид, и работи на целосно расветлување на случајот. 

Зоран Димовски