По веста дека е уапсен еден од најбараните босови на италијанската мафија и водач на Коза Ностра, Матео Месина Денаро, на улиците на Италија почна да се слави.
Луѓето излегоа од своите домови и автомобилите на улиците и дојде до спонтано славење на едно од најважните апсења во земјата.
На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се забележат луѓе кои аплаудираат и ја поздравуваат одличната акција на карабинерите.
Questi le immagini degli abbracci e l’esultanza dei carabinieri davanti al luogo della cattura, presso una clinica privata di #Palermo, dopo la cattura di #MatteoMessinaDenaro.#16gennaio #MessinaDenaropic.twitter.com/a4GxXulaxP
— Myrta Merlino (@myrtamerlino) January 16, 2023
„Да се видат луѓе кои навиваат за апсење на Матео Месина Денаро е најкул нешто што ќе го видите денес (покрај апсењето)“, се вели во описот на едно видео.
Vedere le persone che esultano per la cattura di Matteo Messina Denaro è la cosa più bella che vedrete oggi (a parte l’arresto). pic.twitter.com/VevGFfYD7v
— Ida De Vico (@idaho____) January 16, 2023
Луѓето го прекинаа сообраќајот, а некои не можеа да сокријат колку се среќни, па ја прегрнуваа полицијата. Се слуша и „Благодарам, благодарам“.
Денара, познат како Дијаболик, беше уапсен во приватна клиника во Палермо, Сицилија, откако беше во бегство од 1993 година.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Принтскрин Твитер