Во страшната авионска несреќа што се случи вчера во Непал загинаа 68 патници и четворица членови на екипажот, а на социјалните мрежи се појави видео од еден патник непосредно пред падот!
Патнички авион АТР 72 се урна во неделата меѓу стариот и новиот аеродром Похара во Непал. Причините за авионската несреќа се истражуваат. Руската амбасада во Непал соопшти и потврди дека во авионот имало и четворица државјани на Руската Федерација.
⚠️ Facebook live-stream by one of the passengers on the Yeti Airlines Flight 691 documents the moment the plane crashed in Nepal, killing all 72 people on board. pic.twitter.com/G9mpJsuEnE
— Upward News (@UpwardNewsHQ) January 15, 2023
На социјалните мрежи се појави видео од патник непосредно пред несреќата. На него се гледа со останатите патници, а потоа и авионската несреќа и големиот пожар кој настанал по експлозијата. Премиерот на Непал, Пушпа Камал Дахал, денеска свика итен состанок на владата во врска со тешката авионска несреќа.
Извор: Мондо.рс