„Би можела да го изгубам целото семејство“ – Низ солзи раскажа Викторија, Мис Универзум на Украина – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/23 9:13 AM

„Би можела да го изгубам целото семејство“ – Низ солзи раскажа Викторија, Мис Универзум на Украина

Мис Универзум на Украина, Викторија Апанасенко на својот Инстаграм профил сподели трогателно видео од натпреварот откако не успеа да влезе во топ 16 финалистки.

„Благодарам на Мис Универзум за можноста уште еднаш да му кажеме на целиот свет за настаните што се случуваат сега во Украина. Исто така, посебна благодарност до Полска што обезбеди засолниште и заштита на нашите сонародници“, накратко рече таа со видеото.
„Решив да останам и да волонтирам во Украина бидејќи знам дека морам да го заштитам мојот народ. Мислам дека би можела да го изгубам целото семејство“, рече таа низ солзи.

Освен неа, пред јавноста се обрати и Мис Универзум Полска, Александра Клепачка.

„Минатата година направивме се што е во наша моќ за да им помогнеме на бегалците од Украина. Гледајќи ги сите овие луѓе, само сакам никој никогаш повеќе да не биде во таква позиција“, рече таа.
На изненадување на многумина кои го следат изборот за Мис Универзум, Викторија Апанасенко не се пласираше во топ 16. Организаторите на изборот претходно нагласија дека бараат мисица која има „силна посветеност“, а гледачите веруваат дека настапот на Викторија во овој поглед дефинитивно заслужи да се пласира во топ 16.

За време на делот во кој девојките носат народни носии, некои од натпреварувачите зборуваа и за политика. Викторија ја спомена војната меѓу Украина и Русија, која се уште трае. Таа, исто така, одеше во костим инспириран од Архангел Михаил, воинот на светлината кој го победува злото.
Таа носеше бел фустан со златно елече, а на крилата ги носеше боите на Украина. Таа рече дека нејзиниот костим е инспириран од војната во Украина. Тоа видео од натпреварот стана вирално на интернет и многу фанови и посакаа да победи.

Извор: Индекс.хр

Фото:Твитер видео принтскрин