Во Делчево маж тепал жена, на Бит Пазар татко со нож нападнал син – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/23 5:33 PM

Во Делчево маж тепал жена, на Бит Пазар татко со нож нападнал син

МВР информира за две насилства на Бит Пазар и во Делчево.

-Полициски службеници утрово, во 1:30 часот, во Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР и додаваат:.

-Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар вчера на улицата „Решад Џафери“ го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје, кој се сомничи дека во неговиот угостителски објект на Бит-пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22). Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава, соопштуваат од МВР.