Се уплашил од полицајците, па голтнал две пакувања амфетамин- Приведен дилер од Велес – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/23 12:28 PM

Се уплашил од полицајците, па голтнал две пакувања амфетамин- Приведен дилер од Велес

МВР  вчера привела дилери на амфетамин.

–На 13.01.2023 во 18.00 часот  во  Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.М.(49), Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), сите од Велес. Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.