(Видео) Прво им сврте оро, па им замеша со задникот – Ноле цар, направи шоу во Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 2:31 PM

(Видео) Прво им сврте оро, па им замеша со задникот – Ноле цар, направи шоу во Австралија

Новак Ѓоковиќ со спектакл со Ник Киргиос го најави своето учество на Австралија опен.

Новак искористи неколку ситуации за да заигра пред публиката.


Тој во еден момент на пауза одигра оро покрај клупата, а особено интересен момент за дамите се случи нешто порано.

Новак реши да  „замеша“ со колковите и задникот, а официјалниот профил на Австралија Опен на социјалната мрежа Твитер објави забавена снимка од таа ситуација.

Ѓоковиќ не знаеше каков пречек да очекува, но му олесна кога излезе на теренот и доби овации од преполните трибини.