Прво, па девојче! Кочани првото бебе за 2023 го доби дури за Стара Нова Година! – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 1:55 PM

Прво, па девојче! Кочани првото бебе за 2023 го доби дури за Стара Нова Година!

Кочани првото бебе за 2023 го доби за Стара Нова Година и тоа девојче.
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов оваа убава вест, која кочанчани ја чекаа 12 дена,  ја објави на Фејсбук .
-Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови.
Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар, и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро, информираат од општината.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посетил мајката и новороденчето им врачил традиционални подароци.
Скопје првото бебе го доби една минута по полноќ, а мајката исто така беше од Кочани.