Слепо момче од БиХ го освои жирито на хрватскиот Суперталент (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/18 11:24 AM

Слепо момче од БиХ го освои жирито на хрватскиот Суперталент (видео)

Настапот на 20-годишниот Денис Барта од Сараево, кој на хрватскиот Суперталент ја отпеа „Опрости ми папе“ од Оливер Драгојевиќ, ги освои срцата и на жирито, но и на целата хрватска публика.

Се работи за момче од Италија, инаку родено слепо, кој во детството пеел и со славниот оперски пејач Андреја Бочели, за што и добил пофалби од великанот, кој пак, и самиот го има изгубено видот, па често ги посетувал децата со сетилна попреченост. Денис има и аутизам, а страда и од епилептични напади. Свирењето клавијатури и музиката му помага да се изрази себеси.

– Ти си едно поинакво битие од сите нас, на едно пораскошно и подуховно ниво, прокоментира Мартина Томчиќ, една од членките на жирито, која не можеше да си ги задржи солзите по неговиот настап.Погледнете овде


Извор:МИА