Арии за сечиј вкус – Се одржа традиционалниот Василичарски концерт – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 12:13 PM

Арии за сечиј вкус – Се одржа традиционалниот Василичарски концерт

Среќа, тага, љубов се само дел од многуте приказни на оперите, кои ни го претставија врвни солисти од Операта заедно со хорот и оркестарот,  на синоќешниот Василичарски концерт, кој се одржа во МОБ.
Ова беше гала вечер за уживање, а ист таков ќе има и вечер, традиционално за овој христијански празник.
На сцената се појавија солистите Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Соња Пендовска- Мадевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Дириграа Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Беа изведени 18 арии, како увертирата од оперетата „Грофица Марица“ од Калман, дуетот на Ецио и Атила од операта „Атила“ на Верди, баркарола од операта „Хофманови приказни“ на Офенбах, сцена на Радамес и Рамфис од операта „Аида“ – Верди, арија на Адриана од операта „Адриана Лекуврер“, дует на Хана Главари и Гроф Данило од оперетата „Веселата вдовица“…
Со финалето од вториот чин од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус беше затворен концертот. Кој се беше дел од ова уживање погледнете во галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски: