Австралискит актер, Лијам Хемсворт се чини на јавноста најмногу ѝ е познат по скандалите со поранешната сопруга Мајли Сајрус, откако неговата кариера беше целосно во сенка на нивниот љубовен бродолом.
Имено, презгодниот актер е роден на 13-ти јануари 1990 година во Мелбурн. Неговата мајка Леони е наставничка по англиски јазик, а таткото на Крег е советник за социјални услуги. Тој има и двајца браќа кои се постари од него и кои исто така се актери. Во една прилика сепак, Лијам истакна дека меѓу нив владее пријателска конкуренција.
„Ние сме браќа и секогаш сме конкурентни, но тоа е добра работа, не турка нпред и среќни сме кога некој од нас ќе добие улога“, истакна актерот.
Бурна љубов со Мајли Сајрус
Не е тајна дека Лијам излезе многу повреден од бракот со Мајли Сајрус, а за случувањата поврзани со нивната врска, слушна целиот свет. Тие раскинаа уште во 2010 година, па потоа се венчаа на трајна церемонија на 23 декември 2018 во присуство на најблиските роднини. А пејачката во текот на еден „напад на искреност“ призна дека не планира да роди деца од својот сопруг.
Потоа се зборуваше дека таа го изневерувала и со мажи и со жени, како и дека му било срам од нејзиното однесување. Во јавноста имаше инфрмации дека последните три месеци од бракот тие никако не можеле да најдат заеднички јазик, но се труделе да избегнат развод трудејќи се на својата љубов да ѝ пружат уште една шанса.
Сепак, тие се разведоа во 2019 година, а Мајли нагласи дека се разведуваат за да се фокусираат на себе и на своите кариери. Во едно интервју таа изјави дека својот брак го сметала за збунувачки, сложен и модерен, инсистирајќи на тоа дека и понатаму многу сексуално ја привлекуваат жени.