Во населбата Топола кај јужната индустриска зона во Панчево синоќа околу 22 часот и 45 минути имало истекување на амонијак од камион цистерна, паркирана во круг на една компанија во близина на железничката пруга. По инцидентот во Општата болница Панчево се пренесени 10 лица. Двајца од пренесените се на кислородна поддршка, потврдуваат од Болницата во Панчево.
Никој нема труење.
Веднаш по инцидентот, биле евакуирани сите граѓани кои живеат во близина, а местото беше обезбедено.
Според медиумите во Панчево, цистерната била паркирана покрај индустриска пруга која не е јавна железница, туку индустриска пруга која припаѓа на Азотара Панчево.
Интервенцијата на полицијата и пожарникарите е завршена, а пожарникарите се уште дежураат на местото на инцидентот. Граѓаните реагираат дека српската власт повторно не дава информации на граѓаните за обемот на инцидентот, ниту препораки на жителите на Панчево.
Да потсетиме, на 25 декември истече амоњак од вагон цистерни во близина на Приот, по што во болница завршија над педесетина луѓе. Српската влада по овој инцидент прогласи вонредна состојба.
фото: Фејсбук