Пресретнато и пукано во затворско возило по што затвореникот бил однесен од вооружената група – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 8:46 AM

Пресретнато и пукано во затворско возило по што затвореникот бил однесен од вооружената група

Возило на затворската полиција каде се превезувал затвореник, синоќа во Скопје, на пат од болницата кон затворот Идризово, било пресретнато од друго возило, по што почнала вооружена престрелка. Ранет и пренесен во болница е затворски полицаец, кој бил во возилото што го превезувало затвореникот. Во вооружената престрелка како во криминалистичките филмови, затвореникот бил грабнат и однесен од луѓето кои пукале врз затворското возило.

Засега нема детали од МВР, но неофицијално, затвореникот бил осуден на 20-годишна затворска казна за делото „убиство“.

 

фото: Архива