Што да правите ако имате 40 години и сѐ што ќе посакате освен маж: Практично упатство за жените од психолог – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/23 9:00 PM

Што да правите ако имате 40 години и сѐ што ќе посакате освен маж: Практично упатство за жените од психолог

Насекаде околу нас има слободни четириесетгодишни мажи и слободни и успешни четириесетгодишни жени кои сакаат да се вљубат, да најдат соодветен партнер за себе, но тоа не им оди од рака.

Психологот Марика Бенир од Русија, која е стручњак за машко-женските односи објави со кои методи жените може да дојдат до успешен маж.

Како една успешна жена да најде маж за врска? Мора да ги поминете следните чекори:

Поставете си го сами на себе прашањето „зошто ми треба маж“ и апсолутно искрено одговорете на него.

Можеби ви е потребен некој да ви каже дека сте убави, можеби ви треба некој за да се забавувате во слободно време или за да не одите на забавите вечно сами? Можеби има некој мотив, но поентата е да бидете искрени кон себе. За секој од овие мотиви поставете го прашањето „зошто и за што“?

На пример: Ми треба маж за да ме ослободи од осаменоста и здодевноста (зошто и за што?)

За да си го направам животот подобар (зошто и за што?)

За да станам посреќна (зошто и за што?)

Ми треба маж да ме забавува (зошто и за што?)

Ви треба маж за да не спиете веќе сами (зошто и за што?)

Поентата е да го откриете вистинскиот мотив, инаку повторно ќе бидете незадоволни кога ќе најдете маж кој не ги задоволува вашите потреби. И нема да биде виновен мажот, туку вашиот погрешен мотив.

Опишете го и нацртајте го (во мислите или на хартија) човекот кој сметате дека ви е потребен

Наведете ги сите детали, од физички изглед до лични особини.

Истражете кои типови жени се заинтересирани за таков маж.

Со други зборови, размислете со што би можеле да го привлечете таквиот маж.

Искрено одговорете на две прашања – дали сте една од оние кои ќе заинтересираат таков човек?

Со ова прашање треба да сфатите кој е над вашето ниво и да ги преиспитате своите параметри? Можеби целите ви се премногу високи? Причина за тоа може да биде несвесниот страв од нова врска. Можеби имате негативно искуство од претходно, но во секој случај прво треба да се запознаете себе.

Работете на себе, на своето внатрешно битие. Колку побогата личност станувате, толку позадоволни ќе сте со себе.