Помлада oд него 30 години: Убавата Инес му го освои срцето на Бред Пит – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/23 7:00 PM

Помлада oд него 30 години: Убавата Инес му го освои срцето на Бред Пит

Холивудскиот миленик, Бред Пит деновиве го прослави 59-от роденден, а друштво му правеше неговата нова наводна девојка, Инес де Рамон.

Пит и 29-годишната дизајнерка на накит, која во април годинава се разведе од актерот Пол Вели, се видени на прославата за неговиот роденден во еден ресторан во Холивуд, а насмевките на нивните лица покажуваат дека им е убаво заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B.P🌊 (@brad_wikpink20)

Пред неколку дена тие се забележани на една забава во Лос Анџелес како разменуваат нежности во јавност, а притоа прегрнати опуштено се дружат со останатите. Првите гласини за нивната наводна врска се појавија минатиот месец, кога беа забележани како се држат за рака на концерт во Лос Анџелес.

Тогаш беа во друштво на Синди Крафорд, Ренди Гербер и Шон Пен – најдобрите пријатели на Пит. Со оглед на тоа дека актерот својата нова љубов веќе ја запозна со пријателите, многумина се убедени дека оваа врска е сериозна.