Ворнер Брос ослободи петминутен трејлер за Акваман кој дава објаснување како настанал главниот јунак , како планира да се крене и да служи како мост помеѓу земјата и морето и проблемите со кои ќе се соочи во обидот да ги обедини седумте кралства на Атлантида.
Снимката започнува со приказната за потеклото на Артур Кари (Momoa).Со татко Томас Кари (Temuera Morrison) човечки чувар на светилникот, и Кралицата на Атлантис, Атланна (Никол Кидман), Артур е “син на земјата и морињата”.Тој е исто така следниот во редот на престолот – но неговото заземање ќе се покаже како предизвик, бидејќи неговиот злобен полубрат Ор (Вилсон),познат како Океански мајстор, е цар што владее и не планира да се откаже од престолот.
Иако ривалството помеѓу браката расне,Аквамен ја има Мера (Хеард) од негова страна за да му помогне да го лоцира моќниот Тридент од Атлантида, претпоставуваме – тоа ќе ги доведе спротивставените подводни царства заедно. Погледнете го трејлерот овде.