Етно и духовна пејачка Даница Црногорчевиќ може да биде казнета и до 2.000 евра за песната „Ој, свијетла мајска зоро“ што ја испеа пред храмот Христово Воскресение во Подгорица на 6 јануари на Бадник, а организаторот на настанот дури и до 20.000 евра.
Споменатата песна Даница ја извела со малку поинаков текст кој зборува за заедничкото херојско минато и братство на Србија и Црна Гора, а во изменетиот текст немаше навредливи делови кои се однесуваат на црногорската нација. Во модифицираната верзија, која таа ја отпеа на Бадник, се најде репликата „једина си за слободу ти остала српском роду“. Медиумите јавуваат дека на некои не им се допаднал овој текст, а можно е учесниците да бидат казнети и до 20.000 евра.
Се наведува дека пејачката би можел да биде казнет од 200 до 2.000 евра, а СПЦ како организатор на настанот може да одговара за прекршоци со парична казна од 1.000 до 20.000 евра, пишуваат црногорските медиуми.
View this post on Instagram
Даница Црногорчевиќ е сопруга на ѓаконот Иван Црногорчевиќ, а многумина се согласуваат дека таа го има најмоќниот глас во Црна Гора. Песната „Весели се српски роде, српски роде због сободе…“ е една од омилените песни на Новак Ѓоковиќ во изведба на Даница, а автор на текстот и музиката е нејзиниот сопруг Иван.
Извор: Мондо
Фото: Јутјуб принскрин