Маски, забава и природна убавина, ете тоа е карактеристиката на традиционалниот максембал во охридското село Куратица.
И оваа година се е подготвено за карневалот, кој ќе се одржи на 13 и 14 јануари, а во огранизација на Здружението на граѓани „Св. Василиј“ и месната заедница.
-Традицијата е долга колку и самото село, од памтивек, бидејќи за тоа не постојат пишани документи. Кој и да се праша ќе го каже истото. Порано се одбележувало само еден ден, но од пред 25 години го надоградивме и ја збогативме програмата. Порано маскембалот беше само на 13ти со традиционалното маскирање на зет, невеста, бајач ѓаол- валегач, луѓето се маскираа и се посетуваа сите домакинства. Се одеше од куќа во куќа. Се носеа зетот и невестата и се бркаше гаволот во куќата, вели Горан Ангелоски, дел од орагизацијата.
Но, како што рече тој, од година во година овој маскембал е се поинтересен и поинтересен за посетителите, па оттаму и потребата да се направи два дена и да се збогати програмата.
-Сега на сето тоа надополнивме уште активности за да има што повеќе посетители. Организација со општонародна веселба за маскирани од селото, маскирани што ќе дојдат од други места и гости од дома и странство. Се прави специјалитетот од вареници, пршки, сало, обично и пченкарнои брашно. Од 18 часот на 14ти сета храна и пијалак што е собрана од се дели на сите. Секако ќе има музички гости, а тоа се фолклорната група „Фаланга“, „Маестрал“ и Дарко Стојановски, околу 20 часот е дефиле на маските, возрасни и детски, а околу 22.30 прогласување на најдобрите и огномет. Овој маскембал од година во година е помасовен, интересот е голем и затоа ние се подготвуваме со време. Се е подготвено и василичарскиот оган е наместен, додава Ангелоски.
Во Куратица на маскембал знаело да има и до 5000 гости, а очекуваме оваа година да се надмине таа бројка. Овој макенбал најмногу зависи и од временските услови, но оваа година е убаво време и ќе биде убаво, за разлика од некои години кога знаело температурата да падне и на минус 25, бидејќи селото е на 1100 надморска височина. Но, и за тоа нема проблем, бидејќи патот е прооден и добар.
Ангелоски посочи и зошто е многу важно да се посети овој маскенбал:
-Ние сме поразлични од сите други. Нашиот карневал е филм во живо. Се е тука природно, секој на свој начин се искажува без режија и сценарио. А освен тоа и да го види селото, да подиши чист воздух и да ги види природните убавини, рече Ангелоски.
(В.М.)