Во својот говор на Златните глобуси, Еди Марфи се пошегува на сметка на Вил Смит и неговиот неславен момент од минатогодишните Оскари.
Легендарниот комичар Еди Марфи ја освои почесната награда Cecil B. DeMille за животно дело во долгометражен филм на 80-тото доделување на Златните глобуси.
При примањето на наградата тој одржа говор во кој го исмева својот колега Вил Смит за неговата неславна шлаканица на минатогодишното доделување на Оскарите.
Еди Марфи ги сподели своите едноставни совети за долготрајна кариера, пишува Showbuzz.
„Платете ги даноците, гледајте си ја работата и не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит“, рече тој од бината и ги насмеа сите присутни, а неговиот говор стана хит на социјалните мрежи.
Eddie Murphy shares three pieces of advice for up-and-comers in the industry:
1) Pay your taxes.
2) Mind your business.
3) Keep Will Smith’s wife’s name out your f—ing mouth.https://t.co/YDe7QBg9R9 pic.twitter.com/1iH3iHGBiz— Variety (@Variety) January 11, 2023
„Еди Марфи штотуку го спушти Вил Смит на Златните глобуси“. Го сакам“, „Само Еди Марфи може вака добро да се потсмева на Вил Смит, ова беше навистина посебно“, „Некој требаше да не посети за тој незаборавен скандал и Еди го изведе како треба“, „Еди имаше среќа што Вил не беше на доделувањето“, се дел од бројните реакции на Твитер.
Да потсетиме, за време на доделувањето на Оскарите, Вил се качи на сцената и го удри Крис Рок по лицето откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит. Неполн час подоцна, Смит доби Оскар за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“.