Загрозена безбедноста на патниците – Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација кај Маџари – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/23 11:33 AM

Загрозена безбедноста на патниците – Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација кај Маџари

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје.

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.