По осум години брак признала на мажот дека сака жени – Сега сите среќни живеат под еден кров – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/23 9:00 PM

По осум години брак признала на мажот дека сака жени – Сега сите среќни живеат под еден кров

Линда Фрутс (33) од Флорида била во брак со својот сега веќе поранешен сопруг Кристофер осум години.

Во текот на нивната врска Линда родила две деца, а потоа, како што вели, сфатила дека ја привлекуваат жени.

Според Линда, Кристофер одлично ја прифатил оваа вест и решиле да продолжат да живеат под ист покрив заради децата.

Неколку месеци по разводот, Линда ја запознала Меди, а како што велат, нивната врска била многу сериозна од самиот почеток. По шест месеци врска, Меди се преселила во куќата на Кристофер и Линда, а сега сите живеат заедно.
Линда и Меди одлучиле дека сакаат заедничко дете, па го прашале Кристофер дали би сакал да им го донира својот генетски материјал, на што тој се согласил.
– Можноста да ги гледаме секој ден беше поважна од поделбата на нашето семејство и искрено, иселувањето би ни ги искомплицирало работите. На почетокот беше тешко, но отворено разговаравме и сега се е навистина во ред. Најдовме начин да продолжиме понатаму – изјавил Кристофер.

Како што велат, децата ја обожаваат Меди и не се жалат на ситуацијата во која се наоѓаат.

– Заедно чистиме, готвиме и ручаме, повремено излегуваме заедно со децата и без нив – вели Кристофер.

Во ноември објавија дека чекаат бебе кое треба да се роди во мај 2023 година.

– Целото семејство е многу возбудено за нас и сите со нетрпение го очекуваат – заклучила Линда, цитирана од „Метро“.

Кристофер исто така нашол нова љубов по разводот со Линда.