Ѝ купил приватен остров со огромна вила: Роберто Кавали ѝ ги исполнува сите желби на својата девојка, 45 години помлада од него – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/23 7:30 PM

Ѝ купил приватен остров со огромна вила: Роберто Кавали ѝ ги исполнува сите желби на својата девојка, 45 години помлада од него

Партнерката на Роберто Кавали е помлада од него 45 години.

Тие тврдат дека уживаат во љубовта и дека разликата во годините не им претставува проблем.

Велат дека вистинската љубов не познава години, а еден од поекстремните примери е всушност 14-годишната врска на дизајнерот Роберто Кавали со 45 години помладата од него, Сандра Нилсон. Тие ја почнаа врската во 2008 година, а и покрај прогнозите дека нема да потрае повеќе од еден месец, нивната љубов и понатаму трае. Сепак, тоа не ги „спаси“ од коментарите дека тој може да ѝ биде дедо и дека Сандра ја интересираат само неговите пари.

Кога нејзината кариера како модел почна да оди во надолна линија, тогаш љубовта со Кавали стана уште поцврста.

Инаку, Сандра е родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, почнувајќи рано да работи да модната индустрија. Кога имала само 14 години, една француска модна агенција ја забележала нејзината специфична убавина. Со текот на години освојувала награди и била прогласена за најубава жена во Шведска, а била и Плејбој модел.

 

Дека сега ужива во луксузот докажува и фактот дека модниот дизајнер кој недамна го прослави 82-от роденден одлучи на својата девојка да ѝ купи остров во Шведска со луксузна вила.  Така Сандра Нилсон стана сопственичка на остров во својата родна земја, недалеку од Стокхолм. На островот има вила со четири спални соби, базен и терен за голф. Освен тоа, некогашната манекенка на островот може да џогира на посебно уредени патеки, а осровот има и приватно пристаниште со траект.

Инаку, Кавали и Сандра се запознаа кога тој се разведе од сопругата, а со Сандра го нашол својот мир.

Извор: kurir.rs