Целата населба Монтесито, делови од Санта Барбара и другите околни градови во Калифорнија добија наредба да се евакуираат поради зголемениот ризик од поплави и лизгање на кал, откако друга силна зимска бура ја погоди областа.
Екстремното зимско време трае десет дена во Калифорнија, а според гувернерот Гевин Њусом однело најмалку дванаесет животи. Огромните бранови ги опустошија крајбрежните енклави во понеделникот, силните ветрови урнаа дрвја и оставија десетици илјади луѓе без струја, а синоптичарите предвидуваат уште дождливо време. Наредбата за евакуација на околу 10.000 луѓе беше издадена на петгодишнината од лизгањето на земјиштето во кое загинаа 23 лица и беа уништени повеќе од сто домови во Монтесито,пренесува Индекс.хр.
THIS SAYS IT ALL#SantaBarbara #Montecito #Goleta #CAwx pic.twitter.com/JZdWT9YUro
— Santa Barbara (@onsantabarbara) January 9, 2023
Жителите со денови се борат со поплавите и свлечиштата. Сместен меѓу планините и Тихиот океан, отмениот Монтесито е дом на познати личности како Опра Винфри, Роб Лоу и Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс.
Montecito is under mandatory evacuation. We are on higher ground so they asked us to shelter in place. Please stay safe everyone. pic.twitter.com/7dv5wfNSzG
— Ellen DeGeneres (@EllenDeGeneres) January 9, 2023