Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевскиденеска присуствуваа на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници, но и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.
Покрај нив на ручекот присуствувале и митрополитот Иларион и епископот Јаков.
На овој ручек бил поканет и претседателот на Собраниеот Талат Џафери, но поради здравствени причини ја откажал поканата.
Претседателот и премиерот на г.г. Стефан му донеле подароци за именденот.
Од кабинетот на Ковачевски ни кажаа дека премиерот му подарил традционална божикна корпа со овошје, ореви и пијалак.
Од кабинетот на Пендаровски, пак, ни рекоа дека и претседателот му подарил корпа со овошје, ореви, костени и пијалак.
-Сега на гости кај вас, па вечер и јас ќе чекам гости, се пошегувал претседателот Пендаровски.
Божиќниот ручек традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот. На трпезата се служеле јадења карактеристични за овој период од годината.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски