Чесите бараат шеф на државата преку оглас – „Да биде морален и да стави крај на ароганција и презир кон луѓето“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 11:59 AM

Чесите бараат шеф на државата преку оглас – „Да биде морален и да стави крај на ароганција и презир кон луѓето“

Во пресрет на првиот круг од изборите за претседател на Чешката Република, на 13 и 14 јануари, Чесите бараа нов шеф на државата преку оглас на Jobs.cz.

Тие бараат „морален модел и менаџер на среќата на целото општество кој ќе стави крај на ерата на ароганцијата и презирот кон луѓето“.

Вработувањето е на определено време од пет години со можност за продолжување на уште пет доколку работата се заврши на обострано задоволство, а како поволности ги нудат и замокот Храдчани во Прага, летниот замок Лани, патувања во странство и постојано медиумско внимание.

Огласот, судејќи по содржината, го објавиле противниците на актуелниот претседател Милош Земан, кому во март му истекува вториот петгодишен мандат, последен според Уставот и еден од фаворитите за избор на поранешниот премиер, тајкун на агро и хемиската индустрија, петти најбогат Чех, Андреј Бабиш.

 

Извор: danas.rs

Фото: Википедија