(Видео) Расипана храна насекаде и валкан шпорет – Домот на самохрана мајка доживеа преобразба по помошта од „кралицата на чистењето“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 8:00 PM

(Видео) Расипана храна насекаде и валкан шпорет – Домот на самохрана мајка доживеа преобразба по помошта од „кралицата на чистењето“

Познатата Аури Катарина која на ТикТок се претставува како „кралица на чистењето“ ѝ помогна на една мајка на три деца, која предизвика поделени реакции на социјалните мрежи.

Хуманоста и добрината се бесплатни, но за оние на кои им се најпотреби, тие се повредни од секое богатство. Емотивна сцена доаѓа од домот на една самохрана мајка со три деца, а видео снимката на која беше прикажан нередот во кој живее семејството, допре до многу луѓе бидејќи покажа дека на мајката и децата им е неопходна помош. Сопругот на жената починал и таа останала сама со трите деца, но очигледно не успеала да ја среди куќата, па резултатот бил валкан, неуреден и запуштен дом. Очајно барајќи помош, мајката чекала некој да ѝ помогне барем малку во врска со чистењето на куќата.

Иако тоа не е во описот на нејзината работа, голема хуманост во овој случај покажа тиктокерката Аури Катарина, која одлучила да му помогне на семејството. Бидејќи куќата била затрупана со ѓубре, особено кујната, на неа ѝ биле неопходни два дена за да го исчисти целиот простор за тој да може повторно да биде функционален. Катарина успеала чекор по чекор да го исчисти домот на мајката и нејзините деца, а тоа го направила целосно бесплатно.

„Секој заслужува помош, а во чистиот дом мајката и децата секако ќе се чувствуваат подобро бидејќи имаат чисто опкружување“, вели Катарина во објавата.

Корисниците на ТикТок беа воодушевени од нејзиниот грест и ѝ порачаа дека таа е прекрасна жена.

„Секогаш има некоја тажна приказна зад куќите кои се во ваква состојба“;

„Благодарам што им помагате на луѓето во нивните тешки моменти и тоа без осудување. Навистина сте неверојатна и на светот му се потребни повеќе луѓе како Вас“ – се само дел од коментарите.

Многумина истакнаа дека мајката веројатно била соочена со тежок период во животот, додека други коментираа дека домот не треба да биде во таква состојба, особено поради децата.

„Се надевам дека сега куќата ќе биде чиста и барем два пати месечно ќе ја одржува како што тоа го направи Катарина“, додаде една жена во коментарите.

@aurikatariina

Thank you for watching❤️ It helps my channel grow and helps me find new apartments to clean and people to help!!❤️🎁

♬ Fairytale (From “Shrek”) – Geek Music