Седат над 50 часа на мраз и се смрзнуваат на -20 за 3.000 евра, не смеат ниту да заспијат – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 10:25 AM

Седат над 50 часа на мраз и се смрзнуваат на -20 за 3.000 евра, не смеат ниту да заспијат

Додека седат на мразот во овој шведски град, луѓето не смеат да гледаат во телефоните за да го „убијат“ времето.
“Isstolpsittning” или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина. Во таа европска земја се организира во февруари секоја година како дел од настанот Вилхелмина зимски викенд. Добро облечените натпреварувачи се качуваат на скала до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на неа до 51 час за да победат. На секои неколку часа им е дозволено да се спуштат по околу 10 минути и да го користат тоалетот.

Не само што треба да издржат ниски температури за време на предизвикувачката задача, која може да се спушти до -20 степени Целзиусови во февруари во Шведска, туку не им е дозволено да поминуваат време и гледајќи во телефони и слични електронски уреди.
“Isstolpsittning” е физички и ментален предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварот е кога ќе падне ноќта и кога ќе почнат да се затвораат очните капаци на натпреварувачите. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од ледениот трон и да не се дисквалификуваат од трката. Победник е оној кој ќе остане да седи на ледениот трон по истекот на 51-от час и ќе освои 35.000 шведски круни или околу 3.145 евра. Моментално бараат заинтересирани за овогодинешниот натпревар.

(МОНДО/Пункуфер)