Земјотрес со јачина од 4,1 степени ја стресе Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 9:56 AM

Земјотрес со јачина од 4,1 степени ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала изутрината во 03:50 часот е регистриран во близина на познатото летувалиште Валона.

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Валона, во Орикум, додека длабочината на 12 километри.

Засега нема информации за штети.

На 26 ноември 2019 година околината на Драч беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,3 степени, во кој загинаа 51 лице, повредени беа 913 лица, додека околу 17.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.