Американскиот актер, Рич Ратела (38) е еден од ретките на светот кој направил скапа и болна операција за да биде само неколку сантиметри повисок.
Неговиот „проблем“ почнал кога му соопштиле дека неговата висина нема да биде ни сантиметар повеќе од 165. Рич сепак се обидел да стане холивудски актер, па вистината дополнително му го отежнувала и онака, комплицираниот пат.
„Ми здодеа да ме одбиваат за улоги само поради мојата вистина. Еднаш дури ми се случи да ми кажат дека совршено би можел да се вклопам во улогата и дека сум многу талентиран, но и дека девојката која е избрана за главната женска улога, е доста повисока од мене. Ми здодеа да бидам најнискиот мажна сите аудии, најнизок на сите фотографии“, изјавил Рич, пренесува Daily mail.
Периодот на коронавирусот бил клучен што се однесува до овој маж. Тој почнал да истражува сѐ повеќе за операциите и процедурите со кои би можел да стане неколку сантиметри повисок.
View this post on Instagram
-Сѐ застана во февруари 2020 година, но тоа беше идеален момент за мене. Најдов специјалисти кои се согласија да ме оперираат за да станам повисок. Процедурата ме чинеше нешто повеќе од 96.000 евра, но не се каам. Во текот на самата операција мораа да ми ги скршат двете бутни коски за да вградат магнети кои ги „растегнуваа“ моите коски по милиметар дневни. Болката којашто ја почувствував кога се разбудив по операцијата беше најлошото нешто што сум го почувствувал во животот, а потоа се следуваше 80-дневен пекол, се сетил Ратела.
Дури постоел и сомнеж дека може да остане парализиран, каков што бил во деновите по операцијата. Подоцна успеал да застане на нозе со помош на физикална терапија, која ќе може да ја применува додека е жив.
„Буквално учев да одам, се чувствував како бебе. Првите три месеци ги поминав во болница, а болките и покрај лековите беа неиздржливи. Со текот на времето почнав да користам патерици, па дури по три месеци можев самостојно да стојам. Резултатот на сето ова беше тоа што добив 7,6 см во висина. Исто така не е за занемарување податокот дека во моментт излегува 30 до 40 отсто повеќе од порано, бидејќи девојките ме елиминираа веднаш поради мојата висина“, открил Рич.