Партијата на Кирил Петков го врати мандатот на Радев – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 9:22 AM

Партијата на Кирил Петков го врати мандатот на Радев

Партијата „Продолжуваме со промените“ и кандидатот за премиер Николај Денков му го врати неисполнетиот втор мандат за формирање влада на претседателот на Бугарија Румен Радев. Претходно, бугарските пратеници без расправа ја отфрлија предлог-декларацијата предложена од „Продолжуваме со промените“ за дефинирање на приоритетните национални цели.

-За жал, нашата листа на приоритети и национални задачи не доби доволно поддршка. Но, сигурен сум дека овој труд вредеше“, изјави Денков враќајќи го мандатот на Радев.

Претседателот Радев изјави дека ќе направи напори да ги приближи ПП и ГЕРБ за формирање на нова влада. Тоа ќе биде трет обид да се формира влада по октомвриските парламентарни избори во Бугарија.

Како потенцијален мандатар се јави и поранешниот технички премиер Стефан Јанев, актуелен лидер на партијата „Бугарски подем“ кој најави можна коалиција што, како што рече може да направи стабилна редовна влада.

Јанев најави можност за коалиција со ГЕРБ, ДПС и БСП и рече дека ќе разговара со сите политички партии кои се подготвени да формираат редовен кабинет.

-Нашата главна задача во моментов е да одговориме дали сакаме или не да имаме редовна влада. Што е другата страна на моментот ако не помина доволно време за кратки преодни влади и донекаде забавување на развојот на земјата. Во последните две години, поради низа причини, економскиот развој е забавен. Ќе требаат најмалку две години зајакне економијата“, рече Јанев.