На 05.01.2023 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека на 04.01.2023 околу 18.00 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки – соопшти денеска полицијата.
По некое време сепак, девојчето успеало да побегне и се вратило дома.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираше МВР.