Земјотрес во Скопје попладнево – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/23 6:17 PM

Земјотрес во Скопје попладнево

Земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, е регистриран попладнево во 16 часот и 51 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.