Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста – порача денеска премиерот, Димитар Ковачевски.
Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата – напиша премиерот на социјалната мрежа Фејсбук.
Со честитката тој објави и видео во кое пречекува коледарчиња кои ја пеат коледарската песна во неговиот дом.