Путин нареди прекин на огнот на 6 и 7 јануари – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/23 4:45 PM

Путин нареди прекин на огнот на 6 и 7 јануари

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од полноќ на 6 јануари.

Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.
Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае  до полноќ в сабота. Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби“.

Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда“.

МИА