Жичарницата ќе работи за Бадник и Божиќ, автобусите ќе возат празнично – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/23 12:49 PM

Жичарницата ќе работи за Бадник и Божиќ, автобусите ќе возат празнично

За разлика од новогодишните празници, кога скопјани поради загадениот воздух побегнаа на Водно, но жичарницата не работеше, овој пат ЈСП реши да работат за овие празници.

ЈСП го објави празничниот возен ред, но и работата на Жичарницата.

Според нив на 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.  На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров, информираат од ЈСП.