Постојат разни теории за тоа од каде навистина бил Јосип Броз Тито и неговата официјална биографија често била оспорувана.
Новинарот и публицист, Марко Лопушина во интервју за српскиот портал Мондо ги раскажал деталите кои ги дознал за Броз.
-Доктор Обрен Ѓорѓевиќ кој во два мандата беше началник на службата за државна безбедност на Србија и кој по занимање беше историчар, ми ја даде приказната која јас ја преточив во книгата „Убиј го ближниот свој“. Тој ми рече дека Тито не е Јожа од Кумровец, дека Американците им дале информации дека е Полски Евреин, дека е на Сталин, на Черчил и американски човек. Тој играше на сите можни карти – вели Лопушина за Мондо.
-Меѓу другото, Обрен Ѓорѓевиќ ми рече: „Знаеш, на погребот на кој имаше повеќе од 700 државници од целиот свет во оној ковчег во Сојузното собрание имаше вреќа со песок. Тоа не беше Тито. Тоа беше неговата последна измама кон српскиот народ и светската јавност. Таквата одлука ја донесе словенечкиот клан во Претседателството на Југославија на чело со Станет Доланц, кој го поддржаа Хрватите, Црногорците и Босанците. Тие го направија тоа од страв дека некој српски имигрант ќе подметне бомба под ковчегот. Ноќта пред погребот, Тито всушност беше погребан во ковчег во Куќата на цвеќето. И така всушност, луѓето плачеа над вреќа со песок. Погребот на Тито беше копија на погребот на американскиот претседател бидејќи тој тоа го видел кога бил во посета на САД. Тито го видел таквиот протокол и точно напишал како сака да изгледа неговиот погреб – раскажал Лопушина.
Тој додал дека никој од семејството Броз не го демантирал. Во истото ова интервју, тој навел дека знае кој навистина бил Тито.
„Тој не е Јоже од Кумровец бидејќи Јоже од Кумровец бил рус и висок. За ова тврдење имам два аргумента – Јосип Броз никогаш не отишол на гробот на своите родители во Кумровец и никогаш не го довел својот роден брат во Белиот двор во Белград за да се видат“, објаснил новинарот.
Според него, Тито не се гледал со својот најблизок роднина.
„Друга работа, лингвистите утврдиле дека неговиот јазик е јазик на полските Евреи, а чисто да знаете тој навистина умеел да свири клавир. Тоа го видов во една книга во која наидов на фотографија на која Броз свири на клавир облечен во бело одело. Таа фотографија е направена во 1944-та година кога во Атина се сретнал со Черчил. Тито бил од имотна фамилија. Него Коминтерната го употребила за да ја освои зоната на интерес на комунистите на Балканот, пред сѐ во Југославија. Черчил го поддржувал Тито бидејќи сакал да отвори јужен фронт против Хитлер“, тврди Лопушина.
Што вели официјалната биографија?
Јосип Броз Тито беше југословенски комунистички револуционер, државник, дипломат, лидер на Сојузот на комунистите на Југославија и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Роден е на 7 мај 1892 година во Кумровац, а починал на 4 мај 1980 година во Љубљана. Бил водач на Народноослободителната борба во Втората светска војна, еден од основачите на социјалистичката држава, претседател на Сојузот на комунистите, министер за одбрана на Југославија, премиер на ФНРЈ и претседател на СФРЈ. Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов генерален секретар. Тој се смета за една од најзначајните личности на 20 век.
Јосип Броз е роден во 1892 година во селото Кумровец во хрватското Загорје, веднаш на границата со Словенија. Неговиот татко Фрањо бил Хрват, а мајка му Марија (родена Јавершек) Словенка. Кога имала 16 години го запознала Фрањо Броз. Тие се венчале во 1881 година. Јосип е седмото од петнаесетте деца на Фрањо и Марија. Семејството Броз, како и повеќето семејства во тоа време, се занимавало со земјоделство.
Извор: kurir.rs