Галкина Анечка е руска инфлуенсерка која уште ја нарекуваат и Ледена кралица, а голема популарност стекна благодарение на видеата во кои скока во ледените езера, пркосејќи им на зимата и екстремно ниските температури.
Во едно такво видео, 25-годишната девојка нурна во ледено езеро, а потоа испи топло кафе, на -27°Ц. Русинката излезе од езерото, а на главата и останал мраз, додека се околу неа било замрзнато, па не е чудно што го добила својот прекар.
Есть женщины в русских селеньях! ⛄️❄️🪆
🎥 By @_galkina_anechka_ pic.twitter.com/e64sAujGGN— Этна (@EtoEtna) December 26, 2022
Русинката ги објавува своите видеа на социјалните мрежи, а нејзиното најпопуларно видео на ТикТок е она во кое таа исто така излегува од езеро, но наместо да пие кафе, јаде нешто што личи на снежен тапан. Видеото собра повеќе од 62 милиони прегледи.
@_galkina_anna_ Ice 🍗 @galkin_vladimir #galkinaanechka #анечкагалкина #GenshinImpact33 ♬ оригинальный звук – Ice Queen