На интернет страна на Министерството за труд и социјална политика објавени се списоците со корисници на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Можете да побарате на овој линк.
Како што е објавено, паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.
Корисници се граѓаните со право на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Списоци со корисници по категории се објавени на:
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
Списокот можете да го погледнете овде: КОРИСНИЦИ-НА-ФИНАНСИСКА-ПОДДРШКА
На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Според Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза поддршката е за период од четири месеци.
Корисници на финансиска поддршка се лица од социјално ранлива категорија на граѓани и тоа:
1) 3.000 денари месечно за:
– корисници на право на социјална сигурност на стари лица,
– корисници на посебен додаток,
– корисници на правото на надоместок заради попреченост,
– со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед,
– самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,
– невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок
2) 1.500 денари месечно за:
– корисници на право на пензија во висина до 11.525 денари,
3) 750 денари месечно за:
– корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари,
– корисници на право на надоместок за телесно оштетување.