Трговците наместо евро враќаат монета од безвредна лира, во оптек и филмски пари – маките на Хрватите – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/23 9:54 AM

Трговците наместо евро враќаат монета од безвредна лира, во оптек и филмски пари – маките на Хрватите

Влезот на Хрватите во евро-зоната создаде простор за бројни манипулации, како подметнување на филмски (лажни) банкноти, монети од конвертибилни марки и најчестата – враќање монета на турска лира. Токму турската лира е монета многу слична на таа од едно евро и е една од најчестите кои измамниците ги измамуваат невнимателните граѓани.

Само што вредноста меѓу тие две монети е огромна. Една турска лира вреди само 0,05 евра. Ова е најчестата измама  што е забележана во многу европски земји во претходните години, особено во туристичките дестинации, а британската полиција  за тоа ги предупреди своите граѓани кои патувале во Шпанија .

На измамите им нема крај. Во оптек се и филмски банкноти од 50 евра.

Од Народната банка на Хрватска советуваат дека на филмските банкноти наместо претседателот на Европската централна банка, под знамето на ЕУ стои натписот филмски пари . Покрај тоа, покрај кратенките на Европската банка на фалсификат, има текст на англиски јазик, а наместо натписот на валутата евро, има реквизит.

Полициската управа соопшти и дека банкнотите од 50 евра им се омилени на фалсификаторите. Темните места, диско клубовите, како и киосците се само мал дел од местата каде што се пуштаат во оптек фалсификуваните банкноти.

Затоа, на граѓаните им се советува добро да ја  погледнат секоја земена банкнота за да не станете дел од статистиката за измами.