Комерцијална објава
„Навиваме сложно и сѐ е можно“ , ова е главната навивачка порака со која Скопско ја испраќа поддршката ракометарите, кои заминуваат на Светско, мое ќе се одржи од 12-29 јануари во Шведска и Полска.
Оттаму и денешната промоција на Скопско пиво со имињата и потписите на сите репрезентативци. Односно беше најавено пуштање во продажба на нова лимитирана едиција на Скопско и Скопско смут со потписот и имињата на ракометарите кои ќе настапуваат за Македонија на ова СП.
„Скопско како горд подржувач на спортот, ракометот и нашите репрезентативци и овој пат ја продолжува својата соработка со РФМ и лансира една сеопфатна маркетниг кампања со која ќе ја изрази својата поддршка и ќе им даде глас на навивачите на еден афтентичен начин.Сакам да изразам искрени честитки за организацијата на вчерашнот настан од страна на РФМ, навистина беше преубава атмосфера и ја видовме моќта на ракометот која ги сплотува луѓето и видовме како нашите навивачи ја сакаат и поддржуваат македонската репрезентација, рече Катерина Теовска , Маркетинг директор на СКОПСКО.
Во таа насока, рече Теовска, Скопско чувствува одговорност како бренд кој што е афтентично македонски и е секогаш дел од тие навивачки и славенички моменти и уште еднаш да им даде начин и глас на нашите навивачи како да ги бодрат ракометарите.Во таа насока лансираме специјална лимитирана едиција на Скопско и Скопско Смут кои ќе ги носат броевите , потписите и имињата на нашите репрезентативци од оваа нова генерација предводена од селекторот Кире Лазаров. Слоганот на кампањата е „Навиваме сложно и се е можно“ и токму тоа е нашата порака дека кога играме сложно и заедно се е можно“ истакна Теовска.
Шестиот настап на Светските првенства, нашата репрезентација ќе го започне во Краков, каде ќе се играат сите натпревари од групата Ф, во која противници за влез во втората фаза ќе ни бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.
„Нашите очекувања се секогаш високи, ние сме една млада екипа со неколку искусни играчи која ветува многу во иднина. Нѐ очекува можам да кажам една тешка група, ние сме максимално подоготвени и го продолжуваме тој континуитет на големи натпреварувања“ – изјави Филип Кузамновски.
Младиот репрезентативец Игор Ѓоргиев ја потврди спремноста на репрезентацијата и ја повика Фалангата од која очекува максимална поддршка.