Во тетовско каде има над 13 000 евидентирани пензионери, постојат само 12 легла каде можат да се сместат лицата од оваа категорија граѓани, кои немаат каде да одат, кој да ги чува, и да се грижи за нив. Овие простории за сместување се во склоп на Здружението на пензионери на град Тетово.
Од Здружението на пензионери, велат дека од година вгодина и во нивните соби повеќе никој пензионер не се сместува. Вели дека за оваа категорија граѓани треба некој да се грижи, да води сметка и за нивното здравје, а тие како здружение ниту се надлежни, ниту пак имаат услови за ваква грижа, и само можат да им ги изнајмат собите по многу ниска цена, колку да се рече како што велат дека имаа покрив над глава.
Азиси вели дека треба општините од полошко и државата, да смогне сили и да изгради Дом за стари лица, каде пензионерите ќе бидат сместени, но и некој ќе внимава на нивното здравје и нега.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вели дека нејзиното министерство минатата година упатила јавен повик до општините да изработат проект за изградба на Дом за стари лица. Но, Општина Тетово тоа не го сторила.
Во тетовско има евидентирано 13 000 пензионери.
Зоран Димовски