Поради екстремно топлата зима, природата во Хрватска почна да се буди од почетокот на јануари, а со неа се разбудија и хрватските пчели, јави хрватската национална телевизија ХРТ.
Пролетните температури среде зима ги доведоа во заблуда пчелите во Хрватска, кои предвреме почнаа да ги напуштаат кошниците. Лешниците цветаат, а пчелите веќе го собираат поленот, а матиците почнаа да снесуваат јајца. Но, тие би биле во опасност доколку дојде до долготрајна студена зима.
„Кога ќе залади и ако трае студот, пчелите се собираат околу леглото. Потоа, ако студот продолжи, пчелите можат да се оддалечат од храната, доволно е да се оддалечат два сантиметри за да умрат од глад, иако гледаме дека има доволно храна”, објаснува пчеларот Златко Миловац.
Ако во март многу залади, главното пасиште на пчелите – багремот – ќе биде уништено. Ова се случи и пред две години, кога студот уништи и плодови на многу овошни дрвја.
МИА