„Топ сикрет“ ли е листата со „привилегираните иселеници“ од брзата лента за влез ? – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 1:28 PM

„Топ сикрет“ ли е листата со „привилегираните иселеници“ од брзата лента за влез ?

Кои се тие 69 луѓе од македонската дијаспора, кои Министерството за внатрешни работи ги почести со МКарта за брз влез во државата? По што се заслужни? Има ли прва и втора класа на луѓе? Ова се само дел од коментарите и прашањата во јавноста, откако повторно се актуелизира проектот на МНР Мкарта, промовиран во мај 2021 година. Според овој проект, МКарта им е доделена на наши иселеници –  научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери и сопственици на компании, кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава. Со оваа карта, ќе може да влегуваат во државата преку лентата за тие со дипломатски пасоши. Сепак, како што објасни министерот за надворешни работи Бујар Османи, овие луѓе немаат дипломатски пасоши, туку брзиот влез е начин да им се искаже почит и внимание.

-Немаат привилегии на дипломати, ова единствено е симболична порака е дека ќе ви го олесниме доаѓањето во државата. Повеќе е внимание отколку што на нив им значи ова. Повеќе привилегии не можеме да им дадеме. Би сакале да можеме и да ги платиме, но тоа што можеме е малку симболика, малку почит, рече Османи.

На прашањето дали списокот со тие 69 луѓе е „топ сикрет“, Османи прво одговори:

-Не е „топ сикрет“, не знам дали е коректно спрема нив да се објави… објасни министерот.

-Но, вие го имате објавено – дополни друг новинар

-Тогаш е дадена дозвола од нив, рече Османи.

-Некој тоа погрешно го виде, видов дека споредуваат бремени жени, деца. Моја задача е дијаспората да ја држам услужена и да можеме да го искористам нивниот потенцијал и го правам на начин што го знам. Веројатно некој има попаметни идеи, изјави Османи, според кој, предлозите за тие што треба да добијат МКарта, се на македонските амбасади во светот.

На промоцијата пред година и пол, беше кажано дека  со проектот МКарта се создава мост за соработка меѓу дијаспората и Северна Македонија, но и успешна и вредна мрежа на личности кои се најдобри во своите професии и кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани.

-Целта е да се зацврсти врската со нив, преку дополнителен поттик за заемно изнаоѓање начини за зголемување на можностите за соработка, за поголемо вклучување на дијаспората во општествениот живот на земјава и нивна натамошна активна улога во промоција на нашата држава во странство. Со картата се добиваат одредени бенефиции, како предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, поддршка во случај на нови бизниси, слободен влез на културни настани, музеи и галерии и би се добиле и други погодности, на чие проширување се работи во соработка со други институции, стои во објаснувањето.

МКартите се доделени според Законот за надворешни работи, а постои и интерен правилник.Во текот на летото 2021 година МНР одржа и прва видео – средба со дел од иселениците со МКарта. Меѓу присутните бил тенорот Благој Нацоски, офтамологот во Шпанија, Владимир Попоски, енергетски експерт во Австралија, Фејсал Далипи , хуманитарец на чело на невладина организација “Global Medicial Aid” од Данска, кој донесе два камиони болничка опрема, помош за гостиварската болница , Горан Петровски, кој од Катар почна co терапија со инсулинска пумпа како нов начин на лекување во нашата држава и други.

МНР во текот на изминатите месеци секој од носителите на МКарта го претстави и со свој профил пред јавноста.

Во продолжение целата листа: