Наместо чиста вода, низ канал за наводнување во горни полог течат фекалии – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/18 6:39 AM

Наместо чиста вода, низ канал за наводнување во горни полог течат фекалии

Низ каналот за наводнување Здуње – Пирок, освен вода тече и разновиден течен отпад, пред се фекална и индустриска вода. Вработените на АД водостопанство подружница Полог, кои го одржуваат каналот, реагираат на ваквата еколошка катастрофа, која ја создаваат несовесни граѓани и фирми.

Нивите од горни полог кои некогаш се наводнуваа со чиста изворска вода од реката Вардар која поминува низ каналот Здуње – Пирок, сега се полеваат со фекали, индустриска вода и друг разновиден течен отпад. Во каналот за наводнување велат вработените на АД водостопанство подружница Полог, се истира се и сешто, загадувајќи ја водата а со тоа и земјоделската површина.

Од АД водостопанство подружница Полог, велат дека во каналот често пати се фрла се и сешто, па и цврст отпад претежно градежен шут, кои го запушуваат каналот на некои тесни грла.

Од Општина Гостивар, велат дека нивни екипи ќе ја проверат состојбата на терен.

Инаку каналот за наводнување Здуње – Пирок е наменет за 3000 хектари земјоделска површина.