Густата магла откажа два лета на скопскиот аеродром денеска претпладне – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 12:41 PM

Густата магла откажа два лета на скопскиот аеродром денеска претпладне

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот aеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла – соопштија од ТАВ Македонија.

Оттаму велат дека очекуваат подобрување на временските услови попладнево.

За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што се добиваат во системите.