Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот aеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла – соопштија од ТАВ Македонија.
Оттаму велат дека очекуваат подобрување на временските услови попладнево.
За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што се добиваат во системите.