Не се воведуваат вињети бидејќи не им одговара на партиите на власт – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 3:48 PM

Не се воведуваат вињети бидејќи не им одговара на партиите на власт

Над 1300 евра годишно само за патарини треба да издвои еден граѓанин на Штип, кој работи во Скопје и секој ден оди и се враќа дома. Три патарини на одење и три на враќање – вкупно 320 денари или 1350 евра годишно. Неговиот колега од Велес одењето на работа во Скопје патарините годишно го чинат 1030 евра. За вработен кој зема 500 евра плата месечно, патарините се речиси една петтина од неговата годишна плата. Овој човек би платил  десет пати помалку доколку државата наместо патарини има систем на вињети, како што е случајот на пример со Словенија, каде еден годишна вињета за користење на словенечките патишта, чини само 110 евра. Македонскиот граѓанин плаќа двојно за користење на патиштата – еднаш при регистрација на возилото и втор пат кога поминува на патарина. „Шашаво, ама делува“.

Малку подолу и за споредбите и пресметките во земјите во регионот.  Само од патарини  за 2022 година Јавното претпријатие за Државни патишта (ЈПДП) се очекува да инкасира над 50 милиони евра.

 

Ова е простата математика, што делумно го открива одговорот зошто во Македонија официјално не се ниту зборува за воведување на вињети, додека во државата продолжуваат да се земаат кредити за изградба на патарини. За илустрација – изградбата на двете патарини на автопатот Штип – Миладиновци чинеше 4,8 милиони евра, кредит од ЕБОР.

Кај нас пресметката на надоместокот за патарина ја прави Владата. Надоместок за поминат километар за возилата од прва категорија Б (основна категорија), изнесува 2,5784 денари/километар по возило. Вкупното извозено растојание за кое се наплаќа патарина се пресметува со множење на надоместокот за поминат километар со должината на делницата за која се врши наплата на патарина, е дел од владината одлука.

За споредба со Србија, каде исто така се наплаќа на ист принцип по поминат километар, се плаќа 1,75 денари по километар за патнички автомобил, со тоа што од први јануари има зголемување од 9 отсто на овој износ.

Што би сменило воведување на вињетите?

Секако, прва придобивка би била многу помалку трошоци за граѓаните што секојдневно ги користат македонските патишта. Наместо 1350 евра, штипјанецот што секојдневно оди на работа во Скопје би платил 110 евра годишна вињета со регистрација на возилото, како што тоа го прават граѓаните на земјите каде е воведен овој принцип на наплата.

Партиите на власт ќе останат без уште една можност да ги „вдомуваат“ сопартијците. Електронските вињети би ја замениле мануелната наплата на патарините, но би се платило за вградување на софтвер за е-вињети. Хрватска на пример, планира да одвои 500 милиони куни за воведување на новиот систем идната година (2024) по пример на многу други земји членки на ЕУ. Хрватите прават и ваква спогодба – Словенците со половина помалку автопати, каде се воведени е-вињети, заработуваат повеќе од Хрватска, која губи пари со системот на патарини, затоа што вињетите не се во интерес на владејачката партија.

Како е во земјите со вињети со новите поскапувања?

Во Унгарија  за автомобили месечната вињета поскапе за 70 отсто и сега чини 8.900 форинти (околу 21 евро), неделната вињета е поскапа за 44 отсто и чини 5.500 форинти (околу 13 евра), а годишната 5 отсто и нејзината нова цена е 49.190 форинти (околу 119 евра). Цената на 10-дневната вињета е зголемена од 10 на 12 евра, месечната вињета од 14 на 17 евра, а годишната вињета од 50 на 60 евра.  Цените на вињетите за 2023 година во Словенија се непроменети во однос на 2022 година. Инаку, словенечките патарини се плаќаат само дигитално („е-вињета“). Годишната вињета чини 110 евра, месечна вињета чини 30 евра, а вињета за 7 дена чини 15 евра.  Зголемени се и цените на вињетите за 2023 година во Австрија, за возење по австриски автопати , според тамошните медиуми. Новата цена на годишна вињета за автомобил е 96,40 евра (+ 2,60 евра), двомесечните вињети се 29 евра (+ 0,80 евра), а 10 дневните вињети се 9,90 евра (+ 0,30 евра).