Ракометен самит на кој ќе учествуваат голем број домашни, регионални и меѓународни ракометни имиња ќе се одржи од денеска до 8 јануари во Скопје, во организација на АГЕ спортската агенција.
Глобалниот ракометен самит 2023, кој се одржува првпат, како што е најавено, ќе биде во два дела теоретски и практичен, а ќе го отвори генералниот секретар на Олимпискиот комитет, Сашо Поповски.
Под мотото „размислување, промоција и раст” самитот има за цел да помогне во подобрување на разбирањето и промоцијата на оваа спортска индустрија, а меѓу најавените говорници се Давид Давис Камара, Кирил Лазаров, Лино Червар, Матс Олсон, Ѓорѓи Начевски, Славе Николов, Зоран Ханџиски, Бојана Јеличиќ, Венио Лосерт, Антонио Карлос Ортега и други.